ПРВ.мк
Македонија

ИСТОРИСКИ ПРВ КОНГРЕС НА МАРО: Врвни експерти од Европа во Македонија, најавени сериозни инвестиции во радиотерапијата!

ИСТОРИСКИ ПРВ КОНГРЕС НА МАРО: Врвни експерти од Европа во Македонија, најавени сериозни инвестиции во радиотерапијата!

Онкологијата останува еден од врвните приоритети на Министерството за здравство, а здравствените власти и стручната јавност заеднички прават суштински исчекор кон нова и поквалитетна организација на онколошката грижа. Ова беше главната порака од обраќањето на Првиот конгрес на Македонското здружение за радиотерапија и онкологија (МАРО), чиј фокус е ставен на мултидисциплинарниот пристап и прецизната онкологија.

Како што беше истакнато, современата медицина налага одлуката за лекување на онколошките пациенти повеќе да не ја носи само еден лекар, туку конзилијарно – патологот, радиологот, хирургот, радиотерапевтот и клиничкиот онколог заедно. Дополнително, за првпат во земјава се формира и молекуларен туморски борд наменет за гранични и недефинирани тумори.

Во претстојниот период се најавуваат неколку клучни реформи за унапредување на оваа област:

  • Донесување Национален план за борба против ракот;
  • Намалување на факторите на ризик, со посебен акцент на пушењето, како и реформа на скрининг-програмите;
  • Нова организација на онколошката грижа со цел терапијата да биде поблиску до пациентот, преку јасно дефинирање на улогите меѓу Клиниката и регионалните центри;
  • Изработка на физибилити студија за инвестирање во современа инфраструктура и радиотерапија, но и во медицински кадар и обуки;
  • Воспоставување функционален регистар за ракот и системско следење на исходите од лекувањето.

Од Министерството за здравство беше упатена посебна благодарност до д-р Игор Стојковски и тимот на МАРО за организацијата на овој тридневен научен собир со сопствени сили, на кој преку дванаесет стручни сесии учествуваат и врвни гости од Франција, Германија, Турција, Грција, Хрватска, Србија, Словенија и Бугарија.

Најнови вести