ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ПОРОЈОТ НОСИ СÈ ПРЕД СЕБЕ: Поплавени подруми и куќи, пожарникари евакуираа загрозени жители!

(ВИДЕО) ПОРОЈОТ НОСИ СÈ ПРЕД СЕБЕ: Поплавени подруми и куќи, пожарникари евакуираа загрозени жители!

Силни врнежи од дожд ги зафатија крајбрежните градови Сивота и Платарија во северозападна Грција, каде што предизвикаа големи поплави, соопштија денеска Службите за вонредни ситуации.

Според наводите на порталот „Екатимерини“, улиците на двата града биле зафатени од поројни поплави кои носеле кал, камења и други предмети, при што бил блокиран и сообраќајот.

Најголемиот дел од повиците упатени до Службите за вонредни ситуации се однесувале на поплавени подруми, долни катови и деловни локали.

Противпожарната служба евакуирала три повозрасни лица од нивните домови.

ВИДЕО