ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ: Млада жена пронајдена почината!

ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ: Млада жена пронајдена почината!

Четириесет и едногодишна жена од Битола е пронајдена почината во сместувачки објект на улицата „Македонска фаланга“ во градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен вчера во Секторот за внатрешни работи Битола. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата жена е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Со обдукцијата треба да се утврдат причините за смртта.