Четиринаесетгодишно момче од Тетово пријавило дека било ограбено од свој врсник, кој со закана со остар предмет му одзел пари. Според пријавата, ова не е првпат истиот малолетник да го нападне и ограби момчето.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 ноември, во 15:15 часот, 43-годишен жител на Тетово пријавил во СВР Тетово дека малолетник од градот му се заканил со остар предмет на неговиот 14-годишен син, по што му одзел пари.
Според пријавеното, истиот малолетник и во претходен наврат на сличен начин го нападнал момчето и му одзел пари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.





