ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈОТ СО САРА ГЕОРГИЕВСКА СТИГНУВА ПРЕД СУД: Корабоски денеска на судење!

СЛУЧАЈОТ СО САРА ГЕОРГИЕВСКА СТИГНУВА ПРЕД СУД: Корабоски денеска на судење!

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да започне судскиот процес против Кристијан Корабоски за физичкиот напад врз Сара Георгиевска, случај кој предизвика силни реакции, јавен револт и протести.

Одлуката на обвинителството во почетната фаза да не побара притвор за Корабоски предизвика особено големо негодување кај јавноста, по што тој беше пуштен да се брани од слобода. Реакциите следеа од повеќе страни, а случајот доби и политичка и граѓанска димензија.

По притисокот и бурните реакции, предметот го презеде друг обвинител. Сара Георгиевска беше сослушана, а за Корабоски во меѓувреме беше побарано и определување мерка притвор.

Дополнителен револт предизвика и недостигот од навремени официјални информации. Иако полицијата веќе го доставила предметот до обвинителството, повеќе од 30 часа немаше јавно соопштение во кое ќе бидат објаснети околностите на случајот и преземените активности.

Во тој период, социјалните мрежи беа преплавени со непроверени информации, дезинформации и обвинувања поврзани со Кристијан Корабоски, неговиот татко и двајца негови другари.

Сега, со почетокот на судскиот процес во Охрид, случајот добива нова фаза, а јавноста очекува судската постапка да ги разјасни околностите и одговорноста за нападот.