Потрагата по исчезнатата жена од Прибој заврши трагично денес, откако беше пронајдено нејзиното тело.
Телото на исчезнатата жена е пронајдено во коритото на реката Лим, потврдија за агенцијата РИНА.
Таа исчезна на 22 ноември, кога последен пат била видена околу 17 часот.
Во потрагата беа вклучени полицијата и спасувачки тимови.






