Експлозивна направа била активирана врз автомобилот на Небојша Јанковиќ, помошник-директор на Управата за извршување на кривични санкции (УИКС) во Црна Гора. Инцидентот се случил во населбата Златица во Подгорица, а возилото, според првичните информации, е целосно уништено.
Информацијата неофицијално ја пренесува RTCG, повикувајќи се на сознанија за инцидентот кој се случил во дворот на домот на Јанковиќ.
Од полициската дежурна служба во Подгорица било известено дека околу 4 часот утрината е активирана експлозивна направа на патничко возило паркирано во дворот на функционерот.
По пријавата, полициски службеници започнале со активности за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот, како и за откривање на лицата кои стојат зад него.
Во координација со Основното државно обвинителство во Подгорица, надлежните преземаат мерки и дејствија за расветлување на случајот. Засега нема дополнителни официјални информации за мотивите, ниту за евентуално осомничени лица.








