ПРВ.мк
Црна Хроника

ГО УБИЛЕ, ГО РАСПАРЧИЛЕ И ГО ФРЛИЛЕ ВО ШУМА: Мајка и ќерка четири години лажеле дека е жив и му ја земале пензијата!

ГО УБИЛЕ, ГО РАСПАРЧИЛЕ И ГО ФРЛИЛЕ ВО ШУМА: Мајка и ќерка четири години лажеле дека е жив и му ја земале пензијата!

Мајка и ќерка од Калифорнија се обвинети за убиство на 73-годишниот сопруг и татко, распарчување на неговото тело и фрлање на посмртните останки во шума, по што повеќе од четири години глумеле дека тој сè уште е жив!

Апсењата на 45-годишната Мери Елизабет Фицморис и нејзината мајка, 75-годишната Џорџија Гвен Фицморис, уследија по долготрајна истрага која започна со пронаоѓањето на отсечена човечка глава во ќеса за ѓубре во северна Калифорнија.

Посмртните останки беа пронајдени на 28 септември 2022 година во областа Тод Вели, во местото Форестхил, рурална заедница во округот Плејсер.

Според податоците на канцеларијата на шерифот на округот Плејсер, истражителите на почетокот немале никаков начин да го утврдат идентитетот на жртвата. Главата била во напредна фаза на распаѓање, а детективите не успеале да ја поврзат ниту со една постоечка пријава за исчезнато лице, ниту со истрага за некое убиство.

Била извршена обдукција, а форензичките експерти од Калифорнискиот државен универзитет во Чико изработиле прелиминарен профил на жртвата и направиле реконструкција на нејзиното лице. Сепак, ниту реконструкцијата на лицето, ниту пребарувањето во националната база на податоци за ДНК на ФБИ не дале совпаѓање.

Случајот останал мистерија сè до јануари 2024 година, кога истражителите испратиле ДНК докази во лабораторијата „Отрам“, која е специјализирана за форензичка генетска генеалогија. Научниците изработиле генетски профил кој помогнал во идентификувањето на подалечни роднини на жртвата, што им овозможило на детективите и истражителите на ФБИ да почнат да го составуваат семејното стебло.

Користејќи ДНК примероци добиени од роднините, надлежните органи на крајот ја идентификувале жртвата како Пол Весли Фицморис Помладиот, кој имал 73 години во моментот на смртта.

Меѓутоа, ова откритие отворило уште едно вознемирувачко прашање: Фицморис никогаш не бил пријавен како исчезнато лице.

Според наводите на истражителите, тој живеел во Ситрус Хајтс, во близина на Сакраменто, заедно со сопругата Гвен и нивната возрасна ќерка Мери. Додека детективите ги истражувале семејните околности, откриле докази кои укажуваат на тоа дека Пол бил убиен во семејната куќа во септември 2022 година.

Во кривичната пријава поднесена на 19 ноември се наведува дека Мери го убила својот татко некаде помеѓу 16 и 28 септември 2022 година, користејќи смртоносно оружје. Обвинителите тврдат дека Мери и Гвен потоа го распарчиле неговото тело, ставајќи ги неговата глава, труп, раце и нозе во шест одделни ќеси за ѓубре. Жените наводно ги натовариле ќесите во возилото на Мери, се одвезле кон Форестхил и ги оставиле посмртните останки на различни локации во шумата. Истражителите ја пронашле само главата на Пол, според зборовите на окружниот обвинител на округот Плејсер, Морган Гире.

Во пријавата се опишува и наводниот обид да се прикрие смртта. Обвинителите тврдат дека жените повеќепати им велеле на роднините и истражителите дека Пол е жив, дури и на 17 ноември 2026 година. Мери наводно го изнела истото тврдење за време на интервју на 11 ноември со детектив кој се претставувал како полицаец од Ситрус Хајтс.

Во меѓувреме, Гвен наводно продолжила да ги прима пензијата и социјалното осигурување на својот сопруг од Калифорнискиот пензиски систем на јавни службеници, без да извести ниту една агенција за неговата смрт.

На 17 ноември, шерифските детективи и припадниците на ФБИ извршиле претрес во семејната куќа на улицата Личен Драјв во Ситрус Хајтс. Двете жени биле уапсени и сместени во затворот Саут Плејсер.

Мери е обвинета за убиство и заговор за попречување на правдата, со навод дека користела смртоносно оружје. Гвен се соочува со обвиненија за соучесништво по извршено злосторство, заговор за попречување на правдата и две точки од обвинението за тешка кражба во врска со пензиското и социјалното осигурување.

Ниту една од жените не се изјаснила за виновна за време на првото појавување пред суд, но двете останале во притвор без право на кауција и имаат закажано ново рочиште за 4 декември. Властите сè уште јавно не го утврдиле мотивот за наводното убиство.