ПРВ.мк
Свет

НОВИ СЛУЧАИ НА СОМНЕЖ ЗА МАЈУНСКИ СИПАНИЦИ: Две лица хоспитализирани!

НОВИ СЛУЧАИ НА СОМНЕЖ ЗА МАЈУНСКИ СИПАНИЦИ: Две лица хоспитализирани!

Две лица со сомнеж за заразување со мајмунски сипаници се хоспитализирани во Санкт Петербург, Русија, и се наоѓаат под медицински надзор, соопшти регионалната служба на Роспотребнадзор, институција надлежна за здравствен надзор и заштита на потрошувачите.

По пријавените случаи, надлежните започнале со спроведување на противепидемиски мерки, а во тек е и епидемиолошка истрага за утврдување на околностите и идентификување на лицата кои биле во контакт со пациентите. Според официјалното соопштение, ситуацијата засега е под контрола.

„Во текот на епидемиолошката истрага се работи на идентификација на контактите. Две лица се хоспитализирани и се под медицински надзор. Издадени се налози за дезинфекција“, наведуваат од службата.

Од Роспотребнадзор информираат и дека располагаат со современи тест-системи за дијагностицирање на мајмунски сипаници, кои се развиени и регистрирани во Русија и овозможуваат брзо откривање на вирусот.

Ова не е прв ваков случај во Санкт Петербург во последниот период. Кон средината на октомври, регионалната прес-служба на Роспотребнадзор соопшти дека пет лица со сомнеж за мајмунски сипаници биле хоспитализирани во градот, при што нивната здравствена состојба била оценета како блага до умерена.

Тие пациенти, според претходните информации, биле отпуштени од болница околу две недели по хоспитализацијата.