Легендарниот НБА ас Меџик Џонсон продолжи со летниот одмор во Европа, овојпат во Грција, по неколку денови минати во Хрватска. На својот профил на социјалната мрежа X, поранешниот плејмејкер на Лејкерси сподели видео од пријатна случка – група Срби го препознаа и му довикаа: „Владе Дивац!“, што кај Џонсон предизвика широкa насмевка.
Дивац, поранешен соиграч на Џонсон во Лос Анџелес Лејкерс, играше за тимот од 1989 до 1996 година, а накратко и во сезоната 2005/06. Нивното пријателство е добро познато меѓу фановите на кошарката.
Меџик Џонсон, инаку, е еден од најголемите НБА играчи на сите времиња. Со Лејкерс освои пет шампионски прстени и три МВП титули, а својата кариера ја заврши со просек од 19,5 поени, 7,2 скока и 11,2 асистенции. Иако во 1991 година објави дека е ХИВ позитивен и привремено се повлече од спортот, се врати во 1995/96 и одигра уште 32 натпревари.