Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, загуби на единствениот контролен меч пред почетокот на Вимблдон. Србинот беше поразен со 2-0 во сетови од рускиот тенисер Карен Качанов во егзибициски дуел на трева, што се одигра во Велика Британија.
Мечот траеше 83 минути. Ѓоковиќ имаше сет-поинт во првиот сет, но го загуби во тај-брејк со 7-6 (7-4). Вториот сет му припадна на Качанов со 6-4, благодарение на брејк направен во 10. гејм.