ПРВ.мк
Македонија

Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје
Escape

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје се случи нов инцидент, каде двајца вработени влегоа во конфликт што заврши со физички напад.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка во Ургентниот центар. Жената С.А. (51) од Скопје пријавила дека била нападната од својот колега Г.В., кој исто така работи во истиот здравствен комплекс.

Полицијата е активна и презема мерки за целосно расветлување на случајот и утврдување на причините кои довеле до инцидентот во клиниките.

Mia Home Mavrovo