ПРВ.мк
Црна Хроника

Монструозен случај: Години ја држел жена во кочина, ја силувал и ја натерал да го даде детето

Монструозен случај: Години ја држел жена во кочина, ја силувал и ја натерал да го даде детето
Escape

Овој морничав случај од селото Гајки во Долна Шлезија потсетува на Фрицл, кој ја држел својата ќерка затворена во подрум 24 години и ја силувал постојано. Матеуш Ј., според обвинението, ѝ нанел слична судбина на жена по име Малгожата (31), која ја запознал во 2020 година, а потоа ја заклучил на својот имот, во ни помалку ни повеќе, туку во темна и ладна кочина за свињи.

Според обвинителот, монструмот Матеуш Ј. ја претепувал жртвата со тупаници, даска, палка и градинарско црево, објавува „Билд“.

„Тој ја силувал со посебна бруталност, а некои од овие сцени ги снимил со својот мобилен телефон“, изјавил обвинителот за полскиот весник „Факт“.

Малгожата била во тешка психолошка состојба, гладна, без пристап до вода за пиење. За време на нејзиното заробеништво, таа забременила, а Матеуш ја принудил да го даде детето на посвојување по раѓањето.

И покрај неколкуте посети на болница поради сериозни повреди, дури во август минатата година жената им се доверила на лекарите и открила што ѝ се случило. Оттогаш, таа полека се опоравува, но сè уште е во многу тешка животна ситуација.

Со оглед на сериозноста на злосторството и потребата да се заштити жртвата, судењето било затворено за јавноста.

Обвинителството дури одлучило да ги изостави најстрашните детали од обвинението. Сепак, според весникот Факт, обвинетиот не покажал ни најмало каење и со надмен израз го гледал судењето од обвинителната клупа.

Матеуш Ј. се соочува со доживотен затвор. Жртвата, како што е најавено, нема да мора повторно да сведочи на суд.

Mia Home Mavrovo