Ѕвездата на Индијана, Тајрис Халибуртон, доживеа сериозна повреда во седмиот натпревар од НБА финалето. Во првата четвртина, тој падна при обид за продор и беше изнесен од игра со помош на медицинскиот тим.
Последните информации од САД откриваат дека станува збор за кинење на ахиловата тетива – една од најтешките повреди за спортист. Халибуртон ќе мора на итна операција, а се очекува да се врати на паркетот најрано во сезоната 2026/27.