ПРВ.мк
Свет

Иран со жестока порака до Трамп: „Ти ја почна војната, ние ќе ја завршиме“

Иран со жестока порака до Трамп: „Ти ја почна војната, ние ќе ја завршиме“

Иранските воени лидери упатија сериозни закани до Соединетите Американски Држави, предупредувајќи на „одлучувачки воени операции“ доколку Вашингтон продолжи да се вклучува на страната на Израел. Најексплицитна беше видео пораката на портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфакари, кој на англиски директно му се обрати на Доналд Трамп:

„Трамп, коцкару – можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат.“

Паралелно со тоа, и други високи ирански офицери, меѓу кои и генералот Хатами, се заканија со жесток одговор, нарекувајќи ги последните американски потези „злосторства што нема да останат неказнети“. Според нив, САД се вовлекуваат во директен судир со Иран, а иранските вооружени сили се подготвени да го бранат својот суверенитет по секоја цена.

Целото видео можете да го видите ТУКА.