ПРВ.мк
Свет

Путин го пречека иранскиот министер: Русија ќе стои до Иран

Путин го пречека иранскиот министер: Русија ќе стои до Иран

Во среде ескалацијата на конфликтот, шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Аракчи се заблагодари за поддршката и истакна дека „Русија е на вистинската страна на историјата“, додека Израел продолжува со напади врз ирански цели, а САД неодамна удрија по нуклеарни постројки.

Путин ја осуди американската интервенција, велејќи дека станува збор за „неоправдана агресија“. Тој додаде дека Иран може да смета на поддршката од Москва. На средбата присуствуваа и рускиот министер Сергеј Лавров и советникот Јуриј Ушаков, а Кремљ објави видео од приемот во претседателската сала.

Русија, која ја изгради нуклеарната централа Бушер, има околу 200 експерти на терен. Путин откри дека разговарал и со Трамп, Нетанјаху и Пезешкијан, но не прецизираше кога.