ПРВ.мк
Сцена

Елена Ристеска ги воодушеви сите со емотивна роденденска честитка и неверојатна сличност со сестра ѝ

Елена Ристеска ги воодушеви сите со емотивна роденденска честитка и неверојатна сличност со сестра ѝ

Македонската пејачка Елена Ристеска повторно покажа дека е голема сестра со уште поголемо срце. По повод роденденот на нејзината сестра, таа сподели емотивна честитка на Instagram, придружена со неколку фотографии кои откриваат колку многу личат.

„НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН сестра моја. Ти посакувам мир во душата и живот полн со смисла. Те сакам“, напиша Елен

Објавата наиде на бројни позитивни реакции, а фановите беа воодушевени од силната сестринска врска и од физичката сличност меѓу двете. Елена уште еднаш покажа колку ѝ значи семејството и дека љубовта меѓу сестри е нешто што се негува и слави.