Првата група од 45 лица повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани од викендов се наоѓа на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква. Тие добиваат стручна нега од специјалисти по пластична хирургија од Скопје и физиотерапевти од Кочани и Штип.

Престојот, според надлежните, им годи – условите се идеални, нема комарци, времето е пријатно, а активностите се прилагодени на нивната состојба. Повредените се внимателно заштитени од сонце и веќе започнуваат со физичка активност, користејќи ги спортските терени. Сите се вклучени преку „Мој термин“ во рамки на државниот проект за рехабилитација.