Вистински топлотен бран ја зафаќа Македонија, а Штип ќе биде најжешка точка со прогноза од до 40°C во четврток, предупредуваат метеоролозите. Според Аврамовска, топол воздушен бран од југ ги крева и дневните и ноќните температури, носејќи тропски ноќи и висок ризик по здравјето.
📍 Во Штип:
- Понеделник: 30°C
- Вторник: 34°C
- Среда: 37°C
- Четврток: 40°C!
👉 Од петок, се очекува благ пад на температурите – за 1-2 степени во ниските, а до 5 степени во високите подрачја, придружен со северен ветер и изолирани грмежи.
⚠️ Лекарите апелираат: Останете дома во најжешките часови, внесувајте течности и избегнувајте физички напор.