ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејно насилство: Татко со двајцата синови брутално претепале маж – едниот го удирал со камен

Семејно насилство: Татко со двајцата синови брутално претепале маж – едниот го удирал со камен

Семејна пресметка во селото Батинци прерасна во тежок инцидент, откако татко и двајца синови брутално нападнале маж пред неговиот дом. Според Скопското обвинителство, нападот следел по претходна расправија меѓу оштетениот и 15-годишниот син на напаѓачот.

Таткото (41), заедно со 18-годишниот и 15-годишниот син, започнале да му се закануваат на мажот, а потоа го нападнале со клоци и тупаници. Кога паднал на земја, детето го удирало и со камен по глава и тело, нанесувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури.

Сопругата на жртвата се обидела да го заштити со тоа што легнала врз него, а реагирале и нивните деца и соседи. Обвинителството ги товари напаѓачите за предизвикување чувство на страв и несигурност во целото семејство и за сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

За полнолетните напаѓачи е побарана мерка притвор, а постапка е поведена и за малолетното дете според Законот за правда за децата.