Иранската новинска агенција „Мехр“ објави дека американската воена база во сиријската покраина Хасака, село Касрек, била мета на напад. Повикувајќи се на разузнавачки извори, агенцијата наведува дека по нападот биле засилени безбедносните мерки, но не се објавени детали за евентуални жртви или штета.
Западните медиуми засега не известуваат ништо за овој инцидент. Меѓутоа, според информации на „Ројтерс“, американските сили се веќе повлечени од дел од базите во Хасака, како Ал-Вазир и Тел Бајдар, а на теренот останале само мал број припадници на Сириските демократски сили (SDF). Истите бази беа речиси празни уште во јуни.
И претходно, базата Ал Шадади беше цел на напад со ирански ракети, кои беа соборени од американските ПВО-системи. Во моментов, според „Анадолу“, активни останале само три американски бази во Сирија, а плановите се нивниот број да се сведе на една.
Базата Касрек, покрај воената активност, е позната и по изградба на теренска болница, а таму биле стационирани и француски и британски војници.