Американската амбасада во Катар издаде итно предупредување до сите свои државјани, барајќи од нив веднаш да се повлечат во засолништа поради можен ирански напад. Препораката важи до ново известување.
Причината: Сè поостри закани од Техеран по американските воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки викендов.
Дополнителна тревога предизвика информацијата дека веќе е нападната американска база во Сирија – наводно со минофрлачи.
Посебна загриженост постои за американската база Ал-Удеид во Катар, каде се стационирани над 10.000 војници. Таа важи за најважна воздушна база на САД во регионот. Во последниве денови оттаму биле повлечени делови од воздушната флота, како мерка на претпазливост.
Ситуацијата е во развој, а се очекуваат нови информации во текот на денот.