ПРВ.мк
Црна Хроника

Нова несреќа во Скопје – мотоцикл и камион се судрија, повреден маж (40)

Нова несреќа во Скопје – мотоцикл и камион се судрија, повреден маж (40)

На булеварот „12 Македонска бригада“ во Скопје, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која се судриле мотоцикл и товарно возило.

Според информациите од МВР, во 14:10 часот бил пријавен судир помеѓу камион „там“, управуван од 51-годишниот И.Б. од Скопје и мотоцикл „хонда“ со кој управувал И.П. (40), исто така од Скопје.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му е укажана лекарска помош.

Се води истрага за причините за несреќата.