ПРВ.мк
Македонија

Женско куче пронајдено затворено во напуштен автомобил без вода и воздух

Женско куче пронајдено затворено во напуштен автомобил без вода и воздух

ЈП „Лајка“ откри потресен случај на жестоко малтретирање на животно – младо женско куче, старо околу една година, било оставено затворено во автомобил на високи температури, без вода, храна или провев.

Случајот бил пријавен од загрижени граѓани, а кучето било итно извлечено и згрижено. Од „Лајка“ велат дека веќе се стабилизира, но е во фаза на психофизичко опоравување.

Според сведоци, истото лице и претходно чувало кучиња во нехумани услови, вклучувајќи и две од расата кане корсо. Случајот е пријавен до институциите како повторено кршење на Законот за заштита на животни.

„Апелираме до надлежните органи да преземат сериозни мерки, бидејќи ваквите постапки можат да завршат фатално за само неколку минути“, стои во соопштението на „Лајка“.