Поранешниот кошаркар и актуелен претседател на КФМ, Перо Антиќ, заедно со својата партнерка Сања Ристиќ и нивните деца, повторно се на одмор во Анталија, Турција. По минатогодишната авантура со ајкули, ова лето се одлучија за ново доживување – пливање со делфини.

Сања и Перо споделија фотографии од нивното патување, на кои се гледа како заедно со децата уживаат во базените, аквапарковите и дружбата со делфините. Иако вели дека децата биле воодушевени, Сања призна дека има измешани чувства поради затворениот простор во кој се држат делфините.

„Прекрасно искуство, но тажно што не се во својата природна средина“, напиша таа на социјалните мрежи.
Семејството Антиќ покажа дека знае како да ги искористи летните денови – со авантури, емоции и многу смеа.

