ПРВ.мк
Македонија

Сопруг на судијка од Кривичен обвинет за криење оружје поврзано со двојното убиство – сопартиецот на Палевски под лупа

Сопруг на судијка од Кривичен обвинет за криење оружје поврзано со двојното убиство – сопартиецот на Палевски под лупа

Ново шокантно откритие го тресе случајот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски – човекот кој, според обвинетиот Велибор Манев, го фрлил ранецот со оружје и мотороли, е Зоран Д., вработен во Народна Банка и – сопруг на судијка од Скопскиот кривичен суд.

Зоран Д., кој е дел од политичката партија „Десна“, во која членуваат и Љупчо Палевски, Манев, Кешишев и Видевски, бил уапсен и ја минал ноќта во полициска станица по налог на јавен обвинител. Обвинетиот Манев во завршните зборови пред судот директно го посочи Зоран како човекот што го добил налогот од Палевски да го уништи доказниот материјал – ранецот со пиштолот и комуникациските уреди, клучни за истрагата.

Според информациите, засега тој е единственото лице приведено за уништување на докази. Во јавноста кружат шпекулации за вклученост и на шесто лице, но тие тврдења сè уште немаат потврда ниту материјална поткрепа.

Во својата исповед, Манев тврдеше дека верувал дека планот е само киднапирање, но дека бил изманипулиран – и завршил како соучесник во двојно убиство. „Душата му ја дадов на Палевски, а сега немам ништо“, изјави тој пред судот.

Сподели го овој напис

Најнови вести