ПРВ.мк
Свет

Израел удри по нуклеарниот објект на Иран – нова снимка открива што точно уништија!

Израел удри по нуклеарниот објект на Иран – нова снимка открива што точно уништија!

Ситуацијата меѓу Израел и Иран станува сè поексплозивна! Израелската војска објави снимка на која се гледа уништувачки резултат од новиот напад врз иранскиот нуклеарен комплекс во Исфахан – и тоа не било кој дел, туку самите капацитети за збогатување ураниум!

Според анализите на „Би-би-си Верифај“ и сателитските снимки од 14 јуни, најмалку седум згради се срамнети со земја, додека на уште неколку има сериозни оштетувања и траги од пожари. Површината што ја зафатила експлозијата изнесува над 0,3 квадратни километри, а цел биле центрифуги за производство на збогатен ураниум – критичен дел од иранската нуклеарна програма.

Најновите докази покажуваат оти Израел не само што удрил прецизно, туку и испратил моќна порака – нема компромис кога станува збор за иранските нуклеарни амбиции.

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, веќе изрази длабока загриженост, предупредувајќи во ОН дека „овие напади директно ја загрозуваат нуклеарната безбедност на целиот регион“.

Дали ова е вовед во поголем конфликт? И дали Иран ќе возврати?

Сподели го овој напис

Најнови вести