Цените на нафтата драстично пораснаа по последните напади меѓу Израел и Иран, отворајќи прашања дали се наоѓаме на работ на нова глобална енергетска криза. Само за една недела, „брент“ суровата нафта скокна за речиси 8%, а според прогнози на Голдман Сакс, може да порасне и до 10%.
Целата возбуда се врти околу Ормускиот Теснец – морски премин низ кој секој ден минува околу 20% од светската нафта. Ако Иран реши да го блокира или само симболично да покаже воена сила, цените веднаш реагираат.
И покрај санкциите, Иран секојдневно извезува над 1,5 милиони барели, главно кон Кина и други азиски пазари. Овие „тивки“ трансакции не секогаш се појавуваат во официјалната статистика, но нивниот ефект е реален и растечки.
Нафтата одамна не е само гориво – таа е дел од секојдневната економска машинерија: транспорт, производство, греење, па дури и храна. Ако конфликтот продолжи, ефектите може да бидат долгорочни.Слични тензии во 70-тите доведоа до историска нафтена криза. Дали денес гледаме почеток на новото сценарио? Одговорот можеби веќе се кука во сенките.