ПРВ.мк
Магазин

ФОТО БЕЗ ШМИНКА: Цеца ослабе 9 килограми и откри третман што го подмладува лицето – без диети и ботокс!

ФОТО БЕЗ ШМИНКА: Цеца ослабе 9 килограми и откри третман што го подмладува лицето – без диети и ботокс!

Цеца Ражнатовиќ повторно го запали Инстаграм – овојпат без грам шминка! Од салонот во Белград, популарната пејачка објави видео пред третман, при што го покажа своето природно лице и го сподели својот таен рецепт за свеж изглед.

„Работиме со матични клетки од лосос“, рече Цеца низ насмевка, објаснувајќи дека веќе третпат оди на ваков третман. Резултатите? Видливи и импресивни – затегната кожа, природен сјај и ослабена за цели 9 килограми!

Пејачката нагласи дека не користи инвазивни методи и не верува во тренди диети. Наместо тоа – природна нега, стабилна исхрана и третмани кои го хидрираат лицето на клеточно ниво.

„Сакам да се чувствувам добро во своето тело – и да не морам да мислам дали ќе носам фустан, фармерки или спортска облека. Сега можам сè“, изјави Цеца, која неодамна го прослави својот 52. роденден.

Следбениците со воодушевување коментираа: „Ова не е 52 – ова е 32!“

Сподели го овој напис