Полска туристка го сподели својот „одмор од соништата“ кој се претвори во ноќна мора – местото навистина било блиску до плажа, но до таму воделе стотици стрмни скали!
Во виралното TikTok видео, туристката саркастично вели: „Да, три минути до море... но само ако си алпинист“. Видеото собра над 7 милиони прегледи, а во коментарите туристи од цел свет споделуваат слични „скалести“ приказни од Дубровник, Станичи и Макарска.
„287 скали до плажа!“, „Првите два дена не можев ни да дишам!“ – гласат некои од реакциите.
Иако смешно, видеото е и корисна лекција: следниот пат кога ќе резервирате апартман „блиску до плажа“, проверете ја висинската разлика – не само растојанието!