ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА НА НЕБОТО: Балон со 22 луѓе се запали и падна во Бразил – потврдени 8 мртви, се трага по преживеани!

ТРАГЕДИЈА НА НЕБОТО: Балон со 22 луѓе се запали и падна во Бразил – потврдени 8 мртви, се трага по преживеани!

Сцени од хорор доаѓаат од Бразил! Балон со топол воздух полн со туристи се запалил во воздух и се урнал во близина на Праја Гранде, во јужната сојузна држава Санта Катарина. Според првичните информации – најмалку осум лица го загубиле животот, а се трага по уште 12.

Во моментот на трагедијата, во балонот се наоѓале 22 патници. Гувернерот Жоржињо Мело го потврди инцидентот и изјави дека локалната заедница е во шок. Само две лица се извлечени живи – едното во тешка состојба, другото со полесни повреди.

Очевидци велат дека балонот прво почнал да пуши, а потоа избувнал во пламени, пред да се сруши со силен удар во тлото. Спасувачките екипи и хеликоптери сè уште ги пребаруваат ридовите околу местото на падот.

Целата држава е во тага, а истрагата треба да утврди – дали се работи за технички дефект или човечка грешка.

Сподели го овој напис