ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ХАОС НА ОБИКОЛНИЦАТА КАЈ СКОПЈЕ: Се тепаа со шипки и палки среде ден – минувачите бегаа во паника!

(ВИДЕО) ХАОС НА ОБИКОЛНИЦАТА КАЈ СКОПЈЕ: Се тепаа со шипки и палки среде ден – минувачите бегаа во паника!

Насилство какво ретко се гледа – денес на скопската обиколница е снимена брутална тепачка што ја шокира јавноста! Сè започнало по сообраќаен конфликт меѓу две возила, а завршило со физичка пресметка со метални шипки, дрвени палки и тупаници, пред очите на случајни минувачи.

На видеото, кое трае три минути, се гледаат најмалку пет лица: по двајца од двете возила и еден случаен минувач кој се обидува да ги раздели. Сцените се шокантни – искршени маици, отворени рани, удирање со сè што им дојде при рака.

Ситуацијата предизвика и застој во сообраќајот, а исплашени минувачи трчаа да се спасат од хаосот. Засега нема официјална информација дали полицијата интервенирала или некој е приведен, но видеото се шири со молскавична брзина на социјалните мрежи.

Дали ова е резултат на зголемената агресија на патиштата? Или само уште еден доказ дека насилството станува секојдневие?

ВИДЕО

Сподели го овој напис

Најнови вести