Жена од Нови Сад била физички нападната од својот невенчан партнер за време на летување во Полихроно, Грција, по што грчката полиција го привела осомничениот.
Информацијата првично била споделена во групата „Грчка инфо“, каде било наведено дека жената по инцидентот останала без превоз, но со личните работи и пасошот, и дека ѝ е потребна помош за да се врати во Србија.
Според објавата, повеќе транспортни компании биле контактирани, но во тој момент немало слободни места. Наскоро голем број граѓани преку социјалните мрежи понудиле финансиска и логистичка помош, а дел од нив понудиле и превоз до Белград или Нови Сад.
Во коментарите имало и апели да биде контактирана Амбасадата на Србија во Грција, како и понуди за уплата на средства за покривање на патните трошоци.
Според последните информации објавени од „Блиц“, жената е згрижена и е организирано нејзиното безбедно враќање во Србија.
Случајот го истражуваат надлежните грчки органи.





