ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) СНИМКА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ – Маскирани напаѓачи ограбиле познат фудбалер

(ВИДЕО) СНИМКА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ – Маскирани напаѓачи ограбиле познат фудбалер

Фудбалерот на Унион Сен Жилоа и репрезентативец на Гана, Мохамед Фусеини, бил жртва на брутален грабеж во Брисел, кога група маскирани напаѓачи го нападнала додека се наоѓал во паркиран автомобил. Инцидентот бил снимен од случаен минувач, а снимката брзо се проширила на социјалните мрежи.

Според белгискиот медиум HLN, петмина маскирани мажи му се приближиле на возилото, насилно ја отвориле вратата и го извлекле фудбалерот надвор. Додека четворица го совладувале, петтиот го пребарувал автомобилот во потрага по вредни предмети.

Напаѓачите успеале да му го одземат луксузниот часовник Rolex Datejust, чија вредност, според белгиските медиуми, се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра, по што избегале од местото на настанот.

Од клубот соопштиле дека Фусеини не се здобил со сериозни физички повреди и веќе следниот ден им се приклучил на соиграчите на тренинг. Сепак, нагласуваат дека фудбалерот сè уште е под силен психолошки впечаток од нападот.

Белгиската полиција отвори истрага и презема мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителите

ВИДЕО