Црн ден за главниот град – во текот на вчерашниот ден, двајца скопјани се пронајдени мртви во нивните домови, еден во Карпош, другиот во Кисела Вода. Причините засега се непознати, а нивните тела се дадени на обдукција.
Првиот трагичен случај се случил на пладне во Карпош – во својот дом починат бил 52-годишниот И.П. Лекарите од Итната медицинска помош само можеле да ја констатираат смртта. Полицијата веднаш извршила увид.
Само осум часа подоцна – нов шок. Во стан во Кисела Вода била пронајдена мртва 77-годишната К.Ч., која живеела како подстанарка. Повторно, екипите на итната помош констатирале смрт без знаци на живот.
Двете тела се испратени на обдукција по наредба на јавен обвинител. Што точно се случило – ќе покаже вештачењето.