ПРВ.мк
Спорт

Емотивна разделба: Пораката на Ристовски до Адеми ги расплака навивачите – „Ти беше срцето на тимот“

Емотивна разделба: Пораката на Ристовски до Адеми ги расплака навивачите – „Ти беше срцето на тимот“

По заминувањето на легендата Аријан Адеми од Динамо Загреб, емоциите не стивнуваат. Капитенот што со клубот освои неверојатни 24 трофеи, заминува во Унгарија – но неговата оставнина останува длабоко врежана кај навивачите и соиграчите.

Најсилната порака до Адеми дојде од Стефан Ристовски, кој со трогателни зборови го опиша својот пријател и лидер: „Во секој тим има срце – за нас, тоа си ти“, започна Ристовски, порачувајќи дека Адеми не бил само капитен со лента, туку вистински водач, борец и брат.

Со порака полна благодарност, тој додаде: „Ти благодарам што нè водеше – не само како фудбалер, туку и како човек.“

Адеми зад себе остава 430 натпревари и 110 европски настапи, бројки што тешко ќе се надминат. Но најголемата бројка е бројот на срца што ги допре.

Сподели го овој напис