ПРВ.мк
Спорт

Грчката јавност силно реагираше на најавата дека Кошаркарската федерација на Македонија ќе го отстрани зборот „Северна“ од своето име

Грчката јавност силно реагираше на најавата дека Кошаркарската федерација на Македонија ќе го отстрани зборот „Северна“ од своето име
Escape

Грчките медиуми бурно реагираа на најавата за бришење на зборот „Северна“ од името на Кошаркарската федерација на Македонија. Весникот „Прото Тема“ истакна дека оваа федерација беше една од првите во земјата која го прифати Преспанскиот договор, напуштајќи го името „Македонска кошаркарска федерација“ и официјално користејќи го „Кошаркарска федерација на Северна Македонија“. Преименувањето се случи во периодот кога претседател беше Перо Антиќ, еден од најпознатите македонски кошаркари.

Медиумите посочуваат дека други спортски федерации, како Македонската фудбалска и ракометна федерација, не ја променија својата називка по Преспанскиот договор и продолжуваат да го користат терминот „Македонија“ без географска одредница.

Mia Home Mavrovo