ПРВ.мк
Свет

ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ: Иран на чекор до нуклеарна бомба – американската шефица на разузнавање со алармантно предупредување!

ТРКАЛОТО СЕ ВРТИ: Иран на чекор до нуклеарна бомба – американската шефица на разузнавање со алармантно предупредување!

Ситуацијата на глобално ниво станува сè понапната! Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Тулси Габард, го шокираше Вашингтон со нова изјава: Иран може да произведе нуклеарна бомба за само неколку недели!

Оваа изјава доаѓа само неколку месеци откако пред Сенатот тврдеше дека Иран „не развива нуклеарно оружје“. Но, по критиките од Доналд Трамп и медиумската бура, Габард сега го менува ставот – и предупредува дека времето истекува.

Трамп пак, оди и чекор подалеку: „Имаат доволно материјал – во секој момент можат да направат девет нуклеарни бомби. САД нема да го дозволат тоа!“ Тој најави дека во следните две недели ќе донесе одлука – дали да се започне директна интервенција против Иран.

Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран веќе има збогатен ураниум до 60%, што е само еден технички чекор до воените 90%. Ова значи дека одбројувањето веќе тече.

Иако во март службите тврдеа дека Иран ја прекинал програмата уште во 2003 година, сега сигналите од терен укажуваат на сосема поинаква слика. Трамп отворено изјави: „Моите служби тогаш грешеа. Сега знаеме точно што прават.“

Светот е во исчекување – дали Иран навистина е денови од создавање на нуклеарно оружје? И што ќе направи Америка ако тоа се потврди?

Сподели го овој напис

Најнови вести