ПРВ.мк
Свет

52 воени авиони се кренаа – Израел под жесток оган, погодена детска градинка! Се чека одлуката на Трамп!

52 воени авиони се кренаа – Израел под жесток оган, погодена детска градинка! Се чека одлуката на Трамп!

Блискиот Исток повторно е на работ на војна! Израелската територија беше погодена од ракетен напад, а целиот свет со загриженост гледа како 52 американски воени авиони се движат кон регионот. Ескалацијата е реална, а новиот удар во срцето на Израел – детска градинка – ја крена јавноста на нозе.

BBC објави дека авијациски радари регистрирале зголемена активност – дури 25 авиони летале над Крит само за неколку дена. Ова претставува осумкратно зголемување на воените летови во споредба со почетокот на месецот.

Во Израел, сирените завијале цела ноќ: Тел Авив, Јужен Израел и Западниот Брег беа цел на ракетен напад. Израелската армија потврди дека пет балистички ракети биле истрелани од територија под иранска контрола. Воздушната одбрана реагирала веднаш, но еден проектил сепак удрил во детска градинка.

За среќа, повредени нема – нападот се случил во време кога градинката не работела. Но, зградата е оштетена, училниците уништени, а игралиштето е неупотребливо. Родителите се во шок, а локалните жители стравуваат од нови напади.

Во целата криза, сите погледи сега се насочени кон Доналд Трамп. Се очекува токму тој да одлучи дали САД ќе се вклучат во евентуална воена интервенција против Иран – одлука која може да ја смени историјата на регионот.

Сподели го овој напис

Најнови вести