ПРВ.мк
Балкан

Страшен пожар избувна во туристичка населба, туристите масовно го напуштаат местото!

Страшен пожар избувна во туристичка населба, туристите масовно го напуштаат местото!

Голем пожар кај Писак: Загрозени куќи, туристи го напуштаат местото

Голем шумски пожар утрово избувна во близина на хрватската туристичка населба Писак, лоцирана на околу 18 километри од градот Омиш. Огнот се прошири над автопатот, кој веднаш беше затворен на тој дел поради безбедносни причини.

Пожарникарските екипи се веќе на терен и се борат со огнената стихија, но ситуацијата постојано се влошува поради силниот ветер и непристапниот терен. Жителите сами се обидуваат да ги заштитат своите домови, додека туристите, очигледно вознемирени, масовно го напуштаат местото.

Според досегашните информации, засега нема пријавени повредени лица. Сепак, очевидци сведочат дека пламените јазици пристигнале многу блиску до куќите, а неколку автомобили биле целосно уништени од пожарот.

Вознемирувачки се и тврдењата на дел од мештаните, кои сомничат дека пожарот можеби бил подметнат. „Луѓето велат дека последниве денови се видело лице на мотор како пали пожари во околината“, изјави еден жител за медиумите.

Опасноста дополнително се зголемува бидејќи куќите се опкружени со густа борова шума, што овозможува брзо ширење на пламенот.

„Пожарот е во беснеечка фаза, немаме контрола. Спасуваме куќа по куќа, сè е загрозено. Целиот округ е мобилизиран да помогне“, изјави еден од вклучените во гаснењето на пожарот.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат инструкциите од службите за итни интервенции.

Сподели го овој напис

Најнови вести