Туристите и локалното население се жалат на драстично зголемени цени долж хрватскиот брег. Се критикуваат скапите вечери, лежалки, паркинзи и дури и основни производи, при што многумина тврдат дека Хрватска е поскапа од Италија и Шпанија.
Жителите велат дека не можат да си дозволат да излезат во сопствениот град, а туристите се жалат на слаба понуда за високи цени. Се предупредува дека туризмот е на крстопат и дека е потребна итна реакција.