ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ: САД се подготвуваат за напад, се надевам дека ќе преовлада разумот

Вучиќ: САД се подготвуваат за напад, се надевам дека ќе преовлада разумот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази загриженост дека САД можеби се подготвуваат за воена интервенција на Блискиот Исток.

Во интервју за ТВ Прва, рече дека се надева на дипломатско решение, но верува дека нападот е веројатен.

Вучиќ го поздрави дијалогот меѓу Иран и европските земји, но предупреди дека ескалацијата може да предизвика економски последици, особено ако Иран го блокира Ормутскиот теснец. Потенцира дека ситуацијата го засега и регионот, поради зависноста од цените на нафтата.

Сподели го овој напис