ПРВ.мк
Свет

Трамп: Не можам да го запрам Израел – гледате дека добро им оди

Трамп: Не можам да го запрам Израел – гледате дека добро им оди

Доналд Трамп изјави дека моментално е тешко да се побара од Израел да прекине со нападите врз Иран, бидејќи, како што рече, „им оди добро во војната“.

Тој додаде дека Иран не сака да разговара со Европа, туку само со САД, и оцени дека европските држави немаат влијание.

Во однос на можна одлука за напад на Иран, Трамп одговори дека сè уште не може да каже дали тоа би била неговата најважна одлука.

Во исто време, МААЕ соопшти дека во иранскиот нуклеарен објект Натанц е откриена радиолошка и хемиска контаминација, но дека нема зрачење надвор од објектот.

Сподели го овој напис