ПРВ.мк
Свет

Три мистериозни кинески товарни лета кон Иран во време на конфликт: Што се пренесуваше?

Три мистериозни кинески товарни лета кон Иран во време на конфликт: Што се пренесуваше?
Kristal

Ден по почетокот на израелскиот напад врз Иран минатиот петок, од Кина тргнаа три товарни авиони, кои преку Централна Азија се упатија кон Иран. Податоците за летовите покажуваат дека сите авиони следеле слична рута, но подоцна исчезнале од радарот блиску до иранската граница. Загриженост предизвика тоа што во плановите на летот како крајна дестинација бил наведена Европа, и покрај тоа што авионите никогаш не влегле во европскиот воздушен простор.

Експертите велат дека авиони од типот Boeing 747, како што биле овие, најчесто се користат за транспорт на воена опрема и оружје. Тоа поттикнува сомнежи дека Кина би можела да му испраќа воена помош на Иран додека трае конфликтот со Израел.

Кина и Иран се стратешки партнери со блиски врски, особено во енергетиката – Иран дневно испорачува до два милиони барели нафта на Кина. Падот на режимот во Техеран би предизвикал голема нестабилност на Блискиот Исток, што би ги загрозило и кинеските интереси.

Сепак, кинеската влада делува внимателно, бидејќи отворена поддршка на Иран би ја загрозила соработката со САД, сојузникот на Израел. Во минатото, Кина испраќала материјали кои може да се користат за развој на оружје, но сега експертите предупредуваат дека отворена воена поддршка засега не е во интерес на Пекинг.

Поради тајноста на товарот и скриените рути, не е јасно што точно се пренесувало, но постојат сомнежи за воена опрема, оружје и други материјали. Претходно, Кина била фатена дека прикрива оружје во комерцијални пратки, што ја зголемува неизвесноста и стравувањата околу содржината на овие летови.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape