Поранешниот државен правобранител во Македонија, Фехми Стафа, вечерва е уапсен, неофицијално под сомнение за поткуп од неколку десетици илјади евра.
Името на Стафа во минатото беше поврзувано со исплата на хонорари на презентерката Бесмира Ејупи, која се споменуваше како можно назначување за конзулка на Македонија во странство.
Дополнително, Стафа беше споменуван и во контекст на скандалот за имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
На функцијата државен правобранител дојде како предлог на Алтернатива, но се поврзуваше и со ДУИ. Во минатото против него беа поднесени и низа пријави во Финансиската полиција.
Уште не се објавени детали за натамошниот тек на постапката или евентуалните мерки што ќе бидат преземени против него.













