Во Хрватска е потврден изолиран случај на лепра, хронична заразна болест позната уште од библиски времиња.
Случајот се однесува на странски работник, а Министерството за здравство уверува дека ситуацијата е под контрола и нема причина за паника. Последниот регистриран случај на лепра во Хрватска бил во 1993 година.
Лепрата, предизвикана од бактеријата Mycobacterium leprae, најчесто ги зафаќа кожата и периферните нерви, а доколку не се третира навреме, може да доведе до трајно оштетување и инвалидитет.
Денес, лепрата е излечива болест со соодветна терапија со антибиотици. Светската здравствена организација истакнува дека поголемиот дел од заболените можат да водат нормален живот со навремен третман, без ризик за околината.













