ПРВ.мк
Спорт

Родриго загрижи: Не личи на себе, Кањизарес вели дека нешто не е во ред

Родриго загрижи: Не личи на себе, Кањизарес вели дека нешто не е во ред

Поранешниот голман Сантијаго Кањизарес изрази загриженост за формата на Родриго, кој изгледа „изгубено“ на теренот. Откако Реал Мадрид одигра 1:1 со Ал Хилал на Светското клупско првенство, Кањизарес остро го критикуваше Бразилецот, велејќи дека не изгледа како професионален фудбалер и дека делува апатично.

Иако Чаби Алонсо побара трпение и најави „ресетирање“ на играчот по напорната сезона, се појавија шпекулации за трансфер – меѓу другото и поврзаност со Арсенал. Реал не сака да го пушти за сума под 100 милиони евра, но Родриго ќе мора да ја подигне својата игра ако сака да добие шанса во новата сезона.

Сподели го овој напис