ПРВ.мк
Спорт

Ливерпул продолжува со луди трансфери – договорен уште еден голем играч

Ливерпул продолжува со луди трансфери – договорен уште еден голем играч

Ливерпул не запира со купувањето нови играчи по освоената титула ова лето. Откако потрошија 150 милиони фунти за двајцата млади таленти од Баер Леверкузен, Фримпонг и Вирц, сега клубот договори и трансфер на левиот бек Милош Керкез од Борнмут.

По долги преговори, Борнмут ја прифати понудата од околу 40 милиони фунти за унгарскиот репрезентативец, кој се очекува да биде прва опција на левата бековска позиција во тимот на тренерот Арне Слот. Со доаѓањето на Керкез, најверојатно ќе следи заминување на Енди Робертсон, кој е близу трансфер во Атлетико Мадрид.

По продажбата на Кванса, Ливерпул ќе бара и нов дефанзивец, а приоритет е Гуехи од Кристал Палас. Исто така, Слот сака и нов напаѓач, при што главна желба е Александар Исак од Њукасл. Сепак, за да почнат преговори, Ливерпул прво мора да продаде неколку играчи како Дарвин Нуњез и Харви Елиот за да обезбеди буџет за новите засилувања.

Сподели го овој напис