Иако натпреварот меѓу Израел и Македонија во Златната лига се одигра пред празни трибини во салата „Парк“ во Струмица, македонските одбојкари добија важна поддршка од легендарниот фудбалер Горан Пандев.
Покрај него, на трибините беа и претседателот на ОФМ Петар Јовановски и потпретседателот Ивица Хаџииљоски.