ПРВ.мк
Свет

Трамп: Се гледа мал напредок во решавањето на украинскиот конфликт

Трамп: Се гледа мал напредок во решавањето на украинскиот конфликт

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека постои „мал напредок“ во напорите за решавање на воениот конфликт меѓу Русија и Украина. Тој ова го кажа пред да отпатува во својот голф клуб во Њу Џерси, нагласувајќи дека, иако е сè уште рано за заклучоци, двете страни прават мали чекори напред.

Во меѓувреме, портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус, изјави дека САД и понатаму се надеваат на дипломатско решение. Таа истакна дека го следат текот на преговорите меѓу Русија и Украина и дека во секој момент може да се појават нови промени.

Од руската страна, портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, потврди дека се очекува нова рунда разговори меѓу Москва и Киев, кои би можеле да се одржат веќе следната недела во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Сподели го овој напис